дома Свет МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ ОД БЕРЛИН: Со син ми во гроб ќе отиде...

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ ОД БЕРЛИН: Со син ми во гроб ќе отиде и голема тајна

Со ликвидацијата на Амис Амри не може да се помири и неговиот брат

Неколку дена по неговата ликвидација се јави и мајката на терористот од Берлин.Таа вели дека со убиството на нејзиниот син ќе отиде во гроб и една голема тајна зошто се одлучил на таков чекор.

– Го убија, а со него ќе биде погребана и тајната- вели мајката.

Со ликвидацијата на Амис Амри не може да се помири и неговиот брат.

– Мојот брат е мртов.Дајте ми ги неговите останки, макар и еден негов прст и јас ќе го ставам во џеб.Го убија а беше само осомничен.Зошто?- прашува Кадер.

Ќе умрам како маченик, биле последните зборови на Амис Амри пред ладнокрвно да почне да гази луѓе на новогодишниот базар во Берлин.Тој на видеото се заколнува на верност на ИСИЛ стоејќи на пешачкиот мост во Берлин со слушалки во ушите.