дома Социјални Мрежи „МАЈКА БЕЖАНИЈА НИКАД НИЈЕ ПЛАКАЛА“: 8 причини зошто Зоран Заев бега од...

„МАЈКА БЕЖАНИЈА НИКАД НИЈЕ ПЛАКАЛА“: 8 причини зошто Зоран Заев бега од дебата со Христијан Мицкоски!

Професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил се обиде да објасни зошто Заев бега од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Таа ја потенцира старата народна српска поговорка ,,мајка бежанија никад није плака’’ како причина поради тоа што знае дека ќе биде поразен со аргументи. Каракамишева забележува дека Заев знае дека нема да може да говори само за ЕУ и НАТО и ќе мора да го објасни како што вели криминалот кој го потпишал.

Зошто Заев бега од дебата со Мицкоски?

Затоа што знае дека ќе биде треснат од земја со вистината, со аргументите! Вака си вели поарно мајка бежанија, отколку мајка да проплукам седнат на маса пред цела јавност!

Знае Заев дека ќе треба да излезе од балонот на ЕУ и НАТО и да им објасни на граѓаните што точно потпиша неговиот ортак по криминал!

Член по член, став по став, буква по буква!

И што ќе одговори кога Мицкоски ќе го праша она што мнозинството Македонци во државата и во дијаспората БАРААТ да го чујат:

1. Зошто Заев и Димитров го избришаа Македонскиот народ од договорот?

2. Зошто покрај името што го сменија ерга омнес го сменија и идентитетот на Македонците?

3. Зошто се измешаа две во едно националната припадност со државјанството?

4. Зошто никаде не е заштитена македонската нација? Зошто ја снема македонската нација?

5. Зошто македонскиот јазик од официјално признат во ООН уште во далечната 1977 година е повторно предмет на проблематизирање и ново дефинирање дека станува збор за јазик што влегува во групата на јужно-словенски јазици?

6. Зошто заедничката интер-дисциплинарна комисија од експерти за историски, археолошки и образовни прашања е формирана пред да стапи на сила договорот, и зошто истата ќе биде под надзор на министрите за надворешни работи?

7. Кој ќе ја заштитува Македонската историја и археологија од оваа “експертска” група?

8. Каде Македонците да се заштитат од вас, од ваквите како вас????