дома Занимливости МАЈКА СО ЈУНАЧКО СРЦЕ: Родила шест деца за само девет минути,...

МАЈКА СО ЈУНАЧКО СРЦЕ: Родила шест деца за само девет минути, шансите за ова биле 1:1,47 милијарди!

Пред два дена Телма Чиака од Тексас роди шесторка, два пара близнаци и еден пар близначки, помеѓу 4:50 и 4:59 во гинеколошката болница во Тексас.

Сите се во стабилна состојба и моментално се наоѓаат во неонатална единица за интен3ивна нега, со оглед на тоа дека се родени со мала телесна тежина. Момчињата сè уште немаат имиња, а девојчињата ќе се викаат Зина и Зуриел.

Фотографијата на среќната мајка во болница е објавена на Фејсбук, а на неа е и братучетката Ебере Офор, како и членовите на неонаталниот тим.

Покрај фотографијата напишаа дека шансата за шесторка е проценета на 1 спрема 4,7 милијарди.