Маckoманијата пpeдизвиka бec: Луѓето не сакаат постојано да нocaт мackа, Џо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последната дебата на кандидатите за нов претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден, ја обележа бурна расправа за корона вирусот, а една изјава ги збесна корисниците на социјалните мрежи.

Критикувајќи го Трамп и неговите потези во врска со пандемијата, Бајден му препорача на луѓето да носат нон стоп маски.

„Треба постојано да се апелира на луѓето да носат маски“ изјави меѓу другото Бајден.

Трамп го исмеваше Бајден поради константното носење на заштитни маски. Бајден и на дебатата дојде со маска, додека Трамп својата маска не ја носеше. Бајден додека зборуваше за заштитните маски истанкна дека тие треба да се носат постојано и ја стави својата на лице.

Таа негова изјава ги загрижи корисниците на социјалните мрежи, кои веќе се уморни од задолжителното носење на маски кое е спроведено во повеќе држави.

„(Да бидам искрен), веројатнда треба да носам наска и додека вршам нужда“ „Хм, луѓето не сакаат да носат постојано маски, Џо“, „Бајденов ковид план: маскоманија. Маски за сите времиња,Аман, маски маски маски“ се некои од коментарите на Твитер.

„ Не сум баш сигурен дека е најдобра стратегијата на Бајден да им каже на оние кои не ги сакаат маските( 150 милиони избирачи) дека ќе мораат и понатаму да носат маски-пишува еден Твитерџија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This