April 19, 2024, 11:09 am

МВР ВЕДНАШ ДА ОДГОВОРИ: Како снимките од собраниските камери се најдоа во медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи не одговара на прашањата за тоа како снимките од надзорните камери во Собранието на Република Македонија на кои е забележано отворањето на главните врати доспеале во рацете на телевизиските медиуми. Новинарските прашања од „Дневник“ за тоа дали МВР има објаснување за тоа на кој начин овие снимки станале достапни за медиумите и дали по инцидентот биле преземени сите потребни мерки снимките од надзорните камери да бидат заштитени од преземање на неовластени лица, доставени преку електронска пошта, останаа без одговор. Исто така, без одговор остана и прашањето дали МВР ќе поведе внатрешна истрага за да се утврди кој ги доставил снимките на телевизиските медиуми?

snimki

Ваквите прашања се наметнаа откако минатиот понеделник на неколку телевизиски медиуми се појави снимка од надзорната камера поставена во влезниот хол на зградата на парламентот и каде што се наоѓаат главните врати за влез во Собранието. На снимката се забележани моментите од пред и по влегувањето на револтираните граѓани во зградата на Собранието по нерегуларниот избор на Талат Џафери за претседател на парламентот. Според наводите во новинарските прилози, влезните врати биле отворени од двајцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ – Kрсто Муковски и Сашо Василевски – а на кои им се придружиле и некои вработени од собраниските служби. Наспроти ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ категорично демантираа дека тие сториле такво нешто.

Познато е, со видеосистемот за надзор преку камери внатре и надвор од зградата на парламентот управува МВР и тој систем е надвор од контролата на собраниските служби. Од ова произлегува дека причината и мотивите за обелоденувањето на видеоснимките од надзорните камери треба да се бараат во редовите на МВР, односно, кај лицата што решаваат за нивното чување и располагање.

Истрага за инцидентите во парламентот на 27 април веќе води Основното јавно обвинителство – Скопје и тоа веќе соопшти дека тие снимки се дел од доказниот материја по кој се постапува. ОЈО деновиве соопшти дека веќе се издадени наредби за прибирање податоци и утврдување на идентитетот и основата за присуство на лицата, како и дејствијата што ги презеле.

Од друга страна, актуелниот министер за внатрешни работи од редовите на ДУИ, партија која ќе биде дел од новата владина коалиција, Агим Нухиу, неодамна изјави дека „имало обид од вработени во МВР да се избришат снимките од безбедносните камери во Собранието од насилствата на 27 април“.

– Двајца вработени добиле наредба од еден висок началник во УБK да влезат во Собранието и да ги земаат хард-дисковите, по што ги земале, но, за среќа, имало резервни хард-дискови и ние сепак успеавме да ги земеме снимките – рече тогаш министерот за внатрешни работи, потврдувајќи дека полицијата располага и со оваа снимка од собранискиот хол.

Објавувањето на снимките, односно, на доказниот материјал во јавноста во текот на една истражна постапка, според правните експерти, може да има значително влијание. Инаку, медиумите блиски до опозицијата во изминатиов период го критикуваа и бараа објаснување за случаи на снимките кои биле правени од страна на безбедносните служби и кои потоа биле објавувани на повеќе телевизии во земјава.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This