дома Македонија МВР ГО ПОТВРДИ ИНЦИДЕНТОТ: Бекир Асани ја нападнал полицајката бидјеќи сакала да...

МВР ГО ПОТВРДИ ИНЦИДЕНТОТ: Бекир Асани ја нападнал полицајката бидјеќи сакала да му го крене џипот со пајак!

Кај Т.Ц. Мавровка, денеска, околу 10 часот на, при подигање на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот, информираше МВР во дневниот билтен.

Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот, додаваат од министерството.

Како што обелоденивме претходно, според добро информирани извори во МВР, напаѓачот во овој иницдент бил Бекир Асани, висок функционер на ДУИ и поранешен претседател на на партискиот огранок во општина Чаир. Асани не бил приведен од страна на полицијата, по силните ургенции од страна на функционери на владата, и заменик-министерот за внатрешни работи Нухиу.