дома Македонија МВР ДЕМАНТИРА ИНЦИДЕНТ: На прославата на „Алфите“ во Нерези немаше инцидент!

МВР ДЕМАНТИРА ИНЦИДЕНТ: На прославата на „Алфите“ во Нерези немаше инцидент!

МВР експресно го демантираше текстот на Инфомакс, во кој беа обелоденети информации за инцидент кој се случил во скопско Нерези на прославата на припадниците на единицата „Алфа“

 

– Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира невистините изнесени во вашиот текст за наводен инцидент на предноговодишната прослава на припадниците на единицата „Алфа“ во скопско Нерези. На прославата на припадниците на единицата „Алфа“ немаше никаков инцидент и во интерес на објективното информирање на граѓаните ве молиме да го објавите овој демант – стои во демантот на МВР.

Претходно, Инфомакс.мк информираше за инцидент кој се случил во скопско Нерези кој се случил на прославата на единциата „Алфа“, на кој дошло и до вооружена пресметка. Овие информации претходно се обидовме да ги провериме, но до одговор од МВР не успеавме да дојдеме.