дома Хроника МВР кocи: Caнкциониpaни 222 вoзaчи caмo вo Скопје

МВР кocи: Caнкциониpaни 222 вoзaчи caмo вo Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, меѓу кои 60 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 23 мерки за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти. Изречени се 29 мерки за непрописно паркирање, едно привремено одземено возило и 26 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.