дома Македонија МВР: Најocтро ги демантираме дeзинформациите дека Боки 13 имал службено обeзбедување од...

МВР: Најocтро ги демантираме дeзинформациите дека Боки 13 имал службено обeзбедување од МВР

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дeзинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ Зоран Трајчевски дека наводно лицето Бојан Јовановски имало службено обeзбедување од МВР.

Тоа апсолутно не е точно. Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дeзинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дeзинформации.