дома Македонија МВР ОТВАРА ИСТРАГА: Ќе проверува кој ги прислушкувал обви нителите

МВР ОТВАРА ИСТРАГА: Ќе проверува кој ги прислушкувал обви нителите

Министерството за внатрешни работи целосно е вклучено во предистражната постапка за снимените разговори од фиксните телефони на обви нителите во Основното јавно обви нителство, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

– Владата остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обви нителство. Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури. Владата очекува дека институциите ќе посветат максимални капацитети во истрагата, дека ќе се расчисти настанот и дека јавноста ќе биде веднаш и целосно информирана, рече тој.

Бошњаковски рече дека одговорноста мора да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница.

– Владата исто така ги става на располагање на ОЈО сите капацитети со кои располагаме доколку е истото побарано и потребно, истакна тој.