дома Хроника МВР ПОТВРДИ ДЕКА МУХАМЕД ЗЕКИРИ ЈАДЕЛ ЌОТЕК: Зекири ем јадел ќотек, ем...

МВР ПОТВРДИ ДЕКА МУХАМЕД ЗЕКИРИ ЈАДЕЛ ЌОТЕК: Зекири ем јадел ќотек, ем заработи кривична за клевета!

Сеуште не седнат во пратеничката фотелја, Мухамед Зекири започна со ширење на лаги и манипулации, а како резултат на тоа заработи и кривична пријава за клевета и навреда, откако тој доцна утринава обвини дека бил нападнат од обезбедувањето на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков

 

Вистината е дека, Зекири навистина бил нападнат во угостителски објект од страна на непознато лице, како што соопшти СВР. Нападот се случил во 1 часот по полноќ, а Зекири бил примен и на клиничкиот центар каде што му биле констатирани и повреди.

Немоќен да ја каже вистината зошто, и од кој бил нападнат, Зекири реши дека и оваа ситуација треба да ја искористи и да се обиде политички да поентира, па напразно го обвини обезбедувањето на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков дека всушност тие го нападнале.

На ваквото празно обвинување, веднаш реагираше и Мијалков кој во соопштение до медиумите напиша дека изјавата на Зекири е целосна лага и клевета

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

–Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби, вели Мијалков.

 

[/kopa_block_quote]

Во скопското подземје веќе се шират гласини дека Зекири бил еден од корисниците на услугите на уапсениот Сетко Рахиќ.