дома Македонија МВР проверува кој му помогнал на Груевски да избега во Унгарија

МВР проверува кој му помогнал на Груевски да избега во Унгарија

МВР веќе работи на утврдување на начинот на кој Груевски ја напуштил територијата на Македонија. Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди проверува дали има инволивирано полициски службеници, а Секторот за внатрешни работи од Скопје го проверува начинот на бег ството и можните помагатели, велат од МВР.

Македонската полиција утврдувa кој му помогнал на екс премиерот Никола Груевски тајно да ја напушти Македонија и да избега во Унгарија, велат од МВР за Слободен печат.

„МВР веќе работи на утврдување на начинот на кој осу деното лице Никола Груевски ја напуштил територијата на Македонија. Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди проверува дали има инволивирано полициски службеници, а Секторот за внатрешни работи од Скопје го проверува начинот на бегството и можните помагатели“ велат од МВР.

На 12 овој месец, Груевски преку својот службен фејсбук профил објави дека после за кани по жи вот, избегал во Будимпешта. Следниот ден МВР ја потврди ваквата информација.