дома Локално МВР со известување до граѓаните

МВР со известување до граѓаните

Министерството за внатрешни работи информира дека утре припадници на МВР ќе одржат заедничка вежба за итна реакција со амбасадата на САД во Скопје.

Како што истакнуваат од МВР вежбовните активности ќе се одржат во кругот на амбасадата.

-Ги известуваме граѓаните дека може да се слушнат сирени за итни случаи и аларми, како дел од сценариото. Вежбовните активности ќе вклучат наизменично затворање на улиците и пренасочување на сообраќајот во близината на амбасадата на САД во текот на утрото. Заедничката вежба ќе им овозможи на МВР и на Амбасадата на САД поефикасно да ги координираат активностите во случај на вонредна состојба, стои во известувањето на Министерството.