дома Македонија МВР со полни раце работа, регистрирани инциденти на повеќе локации

МВР со полни раце работа, регистрирани инциденти на повеќе локации

СВР Скопје

Околу 14,40 часот добиена е пријава од Е.Х. и М.Р., дека спроти основно училиште во населба Радишани има отворен штаб на политичка партија и биле собрани поголема група на граѓани. Од страна на ПС е излезено на лице место и утврдено е дека не се точни наводите во пријавата.

Во 14,40 часот полициски службеник кој бил планиран за физичко обезбедување на избирачко место во ОУ „Св.Климент Охридски“, бил повлечен од работното место, бидејќи агитирал на социјална мрежа „Facebook“. Истиот е повикан во просториите на ОВКПСКИ при МВР за обавување на службен разговор, која го презема случајот.

СВР Охрид

Во 13,10 часот на гласачко место 0755 во село Осој, општина Кичево заменик претседателот на избирачкиот одбор З.Г. пријавил дека во просторијата за гласање, Г.М. додека гласал го фотографирал гласачкото ливче, а по барање на членовите на избирачкиот одбор лицето ги избришало фотографиите. Констатиран е прекршок по член 190 ст 2 од Изборниот законик. Се преземаат мерки за документирање на настанот од страна на ПС од ОВР Кичево.

Во 14.05 часот во ПС ОН Струга од страна на полициски службеник пријавено е кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. По кажување на пријавителот делото е извршено во 10.50 часот во с.Велешта, при вршење службени дејствија обезбедување во ОУ “Зини Хани“ му пристапил В.Ќ. (31) од село Велешта, најпрво започнал на висок тон да се заканува, а потоа заедно со неговиот брат А.Ќ. продолжиле со закани, притоа В.Ќ. ги извадил очилата за сонце со кои фрлил кон полицискиот службеник во пределот на главата над десното око. Од стрaна на присутни полициски службеници во дворот на училиштето, лицата биле спречени во понатамошните намери и отстранети од дворот на училиштето. Од страна на НККР Струга В.Ќ. ќе биде повикан за обавување разговор, а по утврдување на околностите ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Штип

Oд страна на Oпштински огранок на политичка партија било пријавено дека активисти на друга политичка партија организирано вршат поткуп на гласачи; на подрачјето на Кочани било забележано патничко возило и наводно од непознати лица од возилото се вршело притисок врз гласачи; од страна на непознати лица со патничко возило се вршело попречување на гласачи; Д. С. на гласачко место во „Усова чешма“ организирано носел гласачи; В.Ј. во повеќе наврати вршел организирано носење на гласачи на гласачки места.

СВР Тетово

Околу 15,10 часот, од страна на непознато лице кое што се претставило дека е член на политичка партија е пријавено дека од страна на набљудувач од истата партија во с.Ѓермо забележано било дека од страна на лица наводно од политичка партија, на граѓани во ова избирачко место не им било дозволувано да го оставарат своето право на глас. Веднаш известен е дежурниот во ПС Тетово со цел превземање на мерки. Од страна на Службата на наведеното место не се затекнати ниту забележани лица кои вршат такво дејствије.

СВР Битола

Во 14,10 часот непознато лице пријави дека од Фејсбук профил со име А.У. од Битола, била споделена објава со текст „Имам 20 гласа, кој сака, нека се јави“ и до него имало симболи на пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во во 14,49 часот непознато машко лице пријави дека на ул. Ѓорче Петров кај Завод за вработување во Битола, има собрано група од 20 луѓе и истите агитираат за политичка партија. Не се потврдени наводите во пријавата. Следи службен материјал.

Во 14,37 часот А.С. пријави дека неколку граѓани му пријавиле во ОИК Прилеп дека пред Судот во Прилеп родител на А. Ѓ. со списоци во раце проверувал кој излегол на гласање. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во 15, 10 часот непознато лице пријави дека во нас. Тризла и во близина на ОУ ,, Кире Гаврилоски ,, во Прилеп, бил забележан С.В. кој по список делел пари за гласање.

СВР Куманово
Во ПО Ранковце Д.П. телефонски пријавил дека во моментот на неговото јавување, Н.Т. стоел во близина на маркет Норма во село Ранковце и агитирал за политичка партија.