дома Македонија МВР ЌЕ КАЗНУВА: На прес конференција без новинари, министерот соопшти дека ќе...

МВР ЌЕ КАЗНУВА: На прес конференција без новинари, министерот соопшти дека ќе ги казнува оние кои го попречуваат гласањето дури и преку интернет

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес оддржа прес конференција без новинари, а снимката од истата беше испратена преку електронска пошта до редакциите

Со оглед дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес направи прес конференција на која не беа поканети медиумите, поточно новинарите и на истата кажа дека ќе ги санкционирал сите кои ќе го попречувале неприкосновеното право на глас на референдумот, најверојатно алудирајќи на интернет движењето „Бојкотирам“, до министерот и министерството упатуваме неколку прашања:

1. Што подразбира под попречување на гласање?
2. Дали најавата за казнување, се однесува само на оние кои повикуваат на Бојкот?
3. Дали истата најава се однесува и на поттикнување на поткуп на гласачи за да излезат на референдумот и како да гласаат, онака како што тоа го направи Зоран Заев?

 

Репортер:
Борислав Стоилковиќ