дома Македонија МВР ЌЕ СЕ КОНСУЛТИРА ЗА 50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НОВИ ПАСОШИ: Се...

МВР ЌЕ СЕ КОНСУЛТИРА ЗА 50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НОВИ ПАСОШИ: Се подготвува ли МВР за новите „Северномакедонски“ пасоши?

Министерството за внатрешни работи објави оглас за консултантски услуги за изготвување на проектна документација која ќе се користи при извршување на набавка на услуги за изработка на биометриски документи.

Проценетата вредност на договорот изнесува 3.000.000 денари без ДДВ, односно околу 50 илјади евра. Со вклучено ДДВ сумата која ќе ја плати МВР би надминала 60 илјади евра.

Постапката за доделување на договорот ќе биде со скратени рокови, а како причина е наведено – намалување на роковите поради итни причини. Во огласот не е наведено колку ќе изнесува времетраењето на договорот.