дома Македонија МВР: Coмнителна пpaтка пристигнала во британската Амбасада во Скопје

МВР: Coмнителна пpaтка пристигнала во британската Амбасада во Скопје

Во британската Амбасада во Скопје вчера пристигнал сомнителен пакет, адресиран до вработен.

Како што соопшти МВР, вчера во 14.05 часот во Полициската станица за Надворешно физичко обезбедување – Скопје, од британската Амбасада било пријавено дека по пошта пристигнал сомнителен пакет, адресиран за вработен кој не очекувал никаква пратка.

При преземени мерки, полициски службеници од Единицата за откривање на експлозивни средства и направи утврдиле дека не станува збор за експлозивна направа, туку во пратката има бел коверт, во кој имало две епрувети, кои биле одземени и дадени на вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, додава МВР.