дома Хроника МВР co дeтaли зa вчepaшнaтa cвaдбa вo Apaчинoвo co нaд 200 гocти

МВР co дeтaли зa вчepaшнaтa cвaдбa вo Apaчинoвo co нaд 200 гocти

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките против болеста.

Според информациите на МВР, вчера околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од болеста во угостителски објект во скопско Арачиново.

Во објектот се одржувала свадба, на која биле затекнати 200 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на мерките во врска со болеста.

Како за потсетување, исто така пред 4 дена во ресторан во Глумово, Пазарната инспекција и Министерството за внатрешни работи затекнале околу 300 гости кои присуствувале на свадба, што е спротивно на здравствените протоколи.