МВР co пpeдyпpeдyвaњe дo вoзaчитe: Дeбeли kaзни дoкoлкy пocтaвитe кaмepa зa cнимaњe вo aвтoмoбилoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата ги предупредува граѓаните дека незаконското снимање со камера, поставена во автомобилот, е казниво и дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, само МВР е овластено да поставува уреди за снимање на јавни места, на кои се одвива сообраќај.

Казната изнесува 400 евра во денарска против вредност, а прекршителите можат да бидат гонети и кривично, доколку лицето што е снимено поднесе тужба според Законот за лични податоци.

Секој, кој веќе поставил камера во возилото е должен веднаш да ја отстрани, предупредуваат од МВР.

– Сопствениците на современите возила кои имаат фабрички инсталирана видеокамера во ретровизорите или во задниот дел од автомобилот, имаат опција сами да побараат од овластен сервис да им ја деактивира направата, бидејќи во Македонија, како и секаде во ЕУ, снимањето на граѓаните на јавно место е забрането и казниво – велат од полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This