дома Економија МЕБЕЛ ЗА 350.000 ЕВРА: „МЕПСО“ ќе набавува фотељи, столчиња, кујни за 350.000...

МЕБЕЛ ЗА 350.000 ЕВРА: „МЕПСО“ ќе набавува фотељи, столчиња, кујни за 350.000 евра!

Мебел, кујни, гарнитури, столчиња, гардеробери, полици… треба да набави АД МЕПСО. Тендерот во кој главниот криетериум е најниската цена е веќе објавен на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки. Вредноста на тендерот без ДДВ е 21.525.000 денари или повеќе од 350 илјади евра.

Во тендерот пишува дека набавката на кујните предвидува изработка, транспорт и монтажа. Во техничката спецификација пишува дека ергономските, огноотпорни и тапацирани со телешка кожа столчиња се за раководните лица. Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција.