дома Европа Меган и Хари се дистанцираат од социјалните мрежи: „Има премногу оmpaза, доста...

Меган и Хари се дистанцираат од социјалните мрежи: „Има премногу оmpaза, доста е од Фejcбук и Твитep“

Уморни од секојдневните критики и навреди, особено сексистички и расистички насочени кон Меган Маркл, војводите од Сасекс одлучија да ги напуштат социјалните мрежи. Тие ќе го задржат само Инстаграм, социјална мрежа на којашто не пишуваат од март 2020 година. 

Разочарувањето од омразата која се шири на социјалните мрежи, ги натера принцот Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл (39) да донесат драстична одлука. Како што пренесува „Сандеј тајмс“, војводите од Сасекс одлучиле да се збогуваат со своите профили на социјалните мрежи и тие повеќе немаат намера да користат платформи како Твитер или Фејсбук.

Инстаграм профилот (@sussexroyal) останува на нивно име, каде што имаат 10,5 милиони следбеници, но последната објава датира од 30 март 2020 година.

Не само тоа: лице блиско до војводите од Сасекс дополнително изјави дека двајцата немаат намера да ги користат социјалните мрежи за нивната нова фондација Арчевел и многу веројатно е дека, дури и во иднина, нема да се вратат на тие платформи, барем не под личните имиња.

Овој избор не беше избрзан: пред неколку месеци, Меган рече дека верува дека таа е„ најозборуваната и најнавредената личност во светот“ токму поради расистичките и сексистички коментари што ги добива секојдневно.