Мега Ковид анализа – Без цензура: Внуците на Пановски не се вakцинирани, Даниловски смета дека ќе бидеме меѓу првите во светот без епидемија на Ковид 19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали решението на пандемијата е создавање на колективен имунитет, на оваа тема разговаравме утринава со професорот по микробиологија, доктор Никола Пановски коментирајќи го примерот на Бангладеш, една од најсиромашните и најгусто населени држави во светот која во моментов е најуспешна во справување со пандемијата од коронавирус. Барем според официјалните статистики.

Во последните месец дена, Бангладеш бележи во просек во 3 смртни случаи дневно, и не повеќе од 155 новозаразени.

-Решението веројатно е создавање на природен колективен имунитет. Секој се плаши од последиците. Ова можам да го објаснам само со африканските земји во кои немаат ни вакцина ни ништо, Танзанија сум ја гледал 500-тини случаи имаше до сега вкупно на 50 милиони жители. Прво не мерат колку што мерат европските држави и второ немаат стара популација. Веројатно крвните садови им се заштитени поради начинот на живот. Каде што има артеро склероза таму е попроблематично, така болеста е поврзана и со возраста и со дебелината. И можеби тоа е причината што имаат толку мал број случаи. Бидејќи најмногу страдаат во Европа каде што има должина на живот во просек 80 години и земји во кои не се живее здрав живот. Во тие земји посиромашните додека стигне вакцина ќе се создаде природен имунитет. Тоа можеби објаснува дека вакцината нема потреба да се дава на сите, особено кога знаеме дека не штити од инфекција. Нема логика да ги вакцинираме младите за да ги заштитиме постарите ако и вакцинираните шират болест. Така да може акцентот да се стави на ризичните категории. Многу научници кои се против, не се против вакцината туку против масовна вакцинација за оваа болест и велат дека треба да се заштитат само постарите, хронично болните со што смртноста ќе се намали. Останатите да се пуштат да прележат, што повеќе да прележат. Некои сметаат дека децата во школи не треба да носат маски ако се домашните заштитени, тоа се такви теории. Сето ова што ќе го кажам е ризично да се проба. Нема некој херој што ќе рече да одиме на прележување. Младите да не се штитат, старите да се тргнат настрана итн, вели Пановски.

Во однос на безбедноста на вакцината и последиците од масовната вакцинација со вакцина која сепак овозможува ширење на болеста, Пановски потенцира дека не треба да се вакцинираат сите по секоја цена. Според него рано е да ја знаеме безбедноста на вакцините на долг рок.

Поконкретно Пановски ја спомена појавата на миокардит кај младите, поставувајќи ја дилемата дали се почести несаканите ефекти кај младите од вакцината отколку смртните случаи.

-Опасност постои, затоа апелирам да не се вакцинра тој што не треба да се вакцинира по секоја цена. Тоа се младите, прележаните итн. Бидејќи сепак е рано да тврдиме дека вакцините се безбедни долготрајно. Бидејќи Роберт Малоун и други научници кажуваат дека поради тоа што вакцините не штитат од инфекција, вирусот се размножува дека баш вакцините ќе бидат или се причина за мутација. Затоа што другата е што побргу да се вакцинирам, вирусот ќе го снема и нема да има кај да мутира. Ама ако масовно се инфицирани вакцинираните, логично е дека вирусот кај нив полесно ќе мутира. Има и тоа некоја основа. Предизвикувањето на миокардит кај млади луѓе е докажано. Имаме многу лажни вести, сомневања што предизвикува вакцината, овде кај миокардитот е докажано. Дека почесто оболуваат од миокардит вакцинирани млади луѓе отколку невакцинирани. Тоа е ретко многу, ама дека е почесто е почесто. Збориме за Фајзер, не за кинеските, вели професорот.

Пановски потенцира дека од 20 години па надоле, младите е подбро да ја прележат болеста отколку да се вакцинираат.

-Не би кажал до 30 години, но за од 20 надоле подобро е да ја прележат болеста отколку да се вакцинираат. Бидејќи смртните случаи се извонредно ретки кај нив и од прилика некои сметаат дека стапката на миокардит е малку повисока отколку што има смртни случаи од Ковид кај таа старосна група. Затоа се остава самите да одлучат дали ќе се вакцинираат. Ама еве стигнаа вакцините и до три годишна возраст, така да што да ви кажам. Претерано, мислам дека се претерува со тоа. Како што велат мислам дека вакциналните фанатици се полоши од антиваксерите, додава тој.

На прашањето дали е антиваксер, Пановски децидоно одговори дека е вакциниран со три дози Фазер и со една доза за сезонски грип и не може да биде антиваксер. Сепак тој потенцира дека неговите внуци кои се под 20 години и двете негови ќерки не се вакцинирани бидејќи тој не може да промовира вакцинација на имуни луѓе.

-Со три дози фајзер и со една доза за сезонски грип, еве јавно кажувам како можам да бидам антиваксер? Може сум антиваксер затоа што една внука која е 12 години не е вакцинирана, имам внук кој има 19 години кој е прележан, а не вакциниран? Еве моите ќерки и едната внука која има 12 години и двајца внуци кои се поголеми, не се вакцинирани, не сум ги вакцинирал, ако тоа е антиваксерство, океј. Сопругата моја е вакцинирана. За жал државата никогаш не ме викнала да промовирам вакцини. Европската комисија ме повика, тоа идеше на интернет и медиуми кај што јас со уште десетина познати лица повеќето беа глумци, свештеници од двете најголеми религии говоревме за вакцина, промовиравме вакцина, така да како може јас да бидам антиваксер ако имам критички став кон вакцинирање на имуни луѓе.

Истото прашање зошто Бангладеш која е една од најсиромашните и најгусто населените држави со ниска стапка на вакцинација се чини ја порази епидемијата на Ковид 19 му го поставивме на професорот по епидемиологија, Драган Данаиловски.

-Пред да коментирам за Бангладеш има аналогна ситуација и во афричките земји. Кога почна пандемијата се мислеше дека Африка ќе биде покољ. Дека таму ќе биде лом и крш, дека луѓе мртви по улици ќе лежат. Африка во моментов има стапка на опфат со една доза на вакцини од 10 проценти максимум. За споредба со една доза во просек во Европа некаде околу 62 проценти се вакцинирани, во Америка 64 проценти се вакцинирани и тоа се неспоредливо големи разлики. Сепак ваму во Европа и Америка многу повеќе се умира отколку во Африка каде немаат никаква специфична заштита , односно немаат никаква вештачка имунизација. Е зошто? Има шпекулации дека црната раса е поотпорна, како имунолошки систем. Ова важи и за овие од Бангладеш. Затоа што изгледа дека околностите во кои што живеат и едните и другите, Афричките земји, Бангладеш амбиентот во кој живеат е буквално натрупан со паразити, маларија, разни црвени паразити. Се смета дека маларијата бидејќи е извонредно многу застапена кај тие што биле во контакт со предизвикувачот на маларијата дека имунилошкиот систем на некаков специфичен начин развивајќи имунитет кон маларија овозможува еден вид заштита и против короната. Исто така е забележано и дека таму каде што има повеќе туберкулоза нешто слично се регистрира. Се говореше и дека вакцинираните од туберкулоза имаат некаков имунитет на коронавирусот. Сето ова го дига на повисок степен да речам тренира имунолошкиот систем што му овозможува полесно да се справи и со предизвици од друг вид како короната. Нешто слично е забележано и кај вакцинирани од морбили, вели професорот.

Според Данаиловски, Македонија ќе биде една од првите држави во светот која се збогувала со коронавирусот. Тој потенцира дека неговите претпоставки се дека околу 75 проценти од граѓаните на еден или друг начин се имунизирани од Ковид 19, односно на природен или вештачки начин со вакцина се стекнале со имунитет против вирусот.

-Ние сме посебна приказна, Македонија е практично шампион, ние сме единствени во регионот, но и во светот се осмелувам да кажам, каде што ние практично полека, полека би се збогувале со короната ако остане само делта сојот, ако не влезе омикрон. Зошто? Затоа што сите показатели кај на покажуваат дека епидемиската крива е во опаѓање, кај на хоспитализациите стагнираат, кај нас бројќите упорно опаѓаат. Од кај 10-ти ноември кога беше врвот на есенскиот бран, опаѓаат бројќите. Сето тоа се должи на стекнување на едно ниво на колективен имунитет кој што сигурно е според моите пресметки поголем од 75 проценти независно што стапката на вакцинација е 41, 42 проценти. Знаеме колку прележале ама толку се регистрирани, бројката треба да се помножи со фактор од 3 или 4, плус овие вакцинираниве сигурно има некаде преку еден милион и 350 илјади имуни граѓани од сите возрасти од 1,8 милиони жители во Македонија. Практично кај нас од самиот почеток било која мерка која беше спроведена беше задоцнета и на некој начин ние сме пример како епидемијата во Република Македонија се однесува во природни услови. Ние во епидемиологија тоа го викаме неконтролиран природен експеримент. Пуштен е вирусот онака како што му е дадено од неговата природа и тоа можете точно да го видите дека е така врз основа на обликот на епидемиските криви. Сите бранови до сега обликот на епидемиските криви во Македонија имаат правилна синусоидна форма, буквално она што се вика нормална дистрибуција. Ако е нормална дистрибуцијата тоа значи дека ниедна мерка не функционирала. Така да ние ќе бидеме предмет на опсервација во иднина, на часови по епидемиологија на некои нови генерации, додаде тој.

Решението Данаиловски не го гледа во рестрикциите туку во што е можно поголем контакт и мешање на луѓето под 40 години со цел да се одржи нивото на антитела, а оние кои се повозрасни или имаат хронични заболувања според него ќе треба секоја година како против грип да примаат бустер дози oд вакцината.

-Она што е решение за пандемијата не се рестрикции, освен ако не се сака да се успори влегувањето на новиот сој, затоа јас се залагав за привремена забрана за патници од странство со цел да добиеме на време да видиме како ќе се однесува новиот сој омикрон на терен. Рестрикциите треба да бидат контролирани и дозирани само во недај боже ситуации со закана за пречекорување на болничките капацитети. Имајќи во предвид дека кај нас стивнува пандемијата, а 75 проценти од граѓаните се имуни во ваква ситуација е доволно да се инститира само на трета доза кај постари лица и оние со хронични болести, аналогно со грипот. Грипот е лесна болеста ама кај постарите лица и хронично болните се препорачува да се вакцинираат, затоа што вакцината е безбедна работа, не се умира од неа, ама ако човек од 80 години се зарази може лесно да умре и од грип. Помладите од 40 години јас би препорачал ако се вакцинирани целосно да се изложуваат природно на вирусот затоа што тоа ќе им овозможи оптимизирање на имунолошкиот систем. Така имунолошкиот систем ќе може да им се спротивставува и на се уште непојавени мутанти. За младите важи истото, затоа јас не препорачувам затворање на школите, посочува професорот.

Данаиловски прогнозира дека короната ќе стане како сезонски грип, а токму сојот омикрон е почетокот на крајот на пандемијата. Тој напомена клучен принцип во епидемиологијата, а тоа е принципот како што се зголемува заразноста на еден вирус така неговите симптоми стануваат полесни.

-Вирусот секогаш кога ќе биде под закана се обидува да се маскира ќе мутира за да го заобиколи постоечкиот имунитет со тоа што ќе ја зголеми заразноста. Нешто што е интересно и што мислам јас дека сега е случај. Омикрон има зголемена заразност, некои велат и до 500 пати. Тоа дефинитивно не оди со предизвикување на тешка клиничка слика. За тој да може да опстане нему му треба што е можно повеќе терен, жртви. Тоа го постигнува со мутирање да стане позаразен ама не му се исплати да стане посмртносен затоа што нему му одговара заразениот домаќин да биде што мобилен, да има полесни симптоми за што пошироко, што понадалеку да се рашири вирусот. Затоа мислам дека тука имаме лоша и добра вест, нов сој што е позаразен, па сите сите хистерично реагираат, меѓутоа добрата вест е што тој предизвикува полесни симптоми што оди во прилог на оној принцип во епидемиологијата дека при еволуцијата вирусите ако ја зголемуваат заразноста обратно пропорционално расте вируленцијата, односно способноста за развивање тешки симптоми, заклучува Данаиловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This