дома Балкан МЕГА CKAHДАЛ ВО СРБИЈА: Најмалку пет пратеници се дел од разузнавачка мрежа,...

МЕГА CKAHДАЛ ВО СРБИЈА: Најмалку пет пратеници се дел од разузнавачка мрежа, изнесуваат државни тајни

Постојат сознаинија дека во моментов во српскиот парламент има најмалку пет пратеници кои работат за странски тајни служби, пишува српски курир. Тоа претставува опасност за државата , бидејќи можат да откријат доверливи државни информации.

Како што пишува српскиот портал, нивниот извор им пренесол дека српските пратеници ги користат странските безбедносни служби како би го оствариле својотл интерес и би влијаеле врз настаните во Србија.

Претседателот на собранискиот Одбор за контрола на службата за безбедност, Игор Бечиќ, вели дека е свесен дека српскиот парламент е еден од важните канали за влијание на странските служби.