дома Русија МЕДВЕДЕВ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕМИЕР НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА: Димитриј Медведев ја доби довербата...

МЕДВЕДЕВ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕМИЕР НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА: Димитриј Медведев ја доби довербата од 374 пратеници во руската Дума

Руската Државна Дума денеска со големо мнозинство го реизбра Дмитриј Медведев на функцијата премиер на Русија.

За резиборот на Медведев гласаа 374 пратеници, а 56 беа против.

Рускиот претседател Владимир Путин, вчера веднаш по свечената инаугурација со која официјално започна неговиот четврти мандат на претседателската фуноција, го предложи Медведев за прв човек на новата Влада на Русија.

Медведев во денешното обраќање до пратениците пред изборот изјави дека на Русија во следните шест години ќе и бидат потребни најмалку осум билиони рубљи (125 милиарди американски долари) дополнителни средства за исполнување на економските цели на Путин.

Тој најави дека наскоро ќе предложи реформи во пензискиот систем со што ќе се промени старосната граница за заминување во пензија, додавајќи дека ќе стори се да обзбеди развој на Русија.

– Сакам да му се заблагодарам на претседателот Путин за укажаната доверба и затоа што ме предложи за премиер. Не станува збор само за доверба, туку и за огромна одговорност, додаде Медведев во обраќањето.