дома Актуелно ПРОДОЛЖУВААТ НАВРЕДИТЕ: Медиумските кучиња на Заев по налог на лидерот на СДСМ...

ПРОДОЛЖУВААТ НАВРЕДИТЕ: Медиумските кучиња на Заев по налог на лидерот на СДСМ го навредуваат народот!

Медиумските кучиња, во слободен говор љангачи (љангари) на Заев вчера и денес по налог на лидерот на СДСМ започнаа со гнасната кампања против народот. Според овие, љангачи, и медиумски апологети на на Заев го прогласија народот за говедо бидејќи го брани Македонскиот јазик како единствен службен
Во веќе познатиот поган манир на Бранко Тричковски, кој за време на анти-терористичката акција во Куманово во која загинаа осум бранители посакуваше уште повеќе полицајци да загинат, продолжува гнасната кампања против Македонскиот народ по нарачка на Зоран Заев.

 

Очигледно сеуште не разбрале дека токму нивните навреди се главниот клуч за нивниот веќе децениски неуспех.

Покрај Тричковски се јави и релативно безгласниот и небитен Жарко Трајановски, инаку дел од невладиниот сектор и еден од промоторите на ЛГБТ заедницата, кој порача дека истите тие кои ја делеле Македонија во 2001 година, сега го заплашувале народот со нова поделба.

И, делумно е во право.

Ние не знаеме каде бил во 2001 година дотичниот Жарко, но очгиледно не бил во Македонија, инаку би знаел дека токму во 2001 година меѓуетничкиот конфликт беше разгорен од истите структури кои денес повторно спремаат слично сценарио.

Имено, и тогаш како и денес, Верушевски беше оној кој предизвика прво политичка криза преку аферата „Големото Уво“, која СДСМ и Бранко Црвенковски тогаш ја искористија да ја уценуваат тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ за широка коалиција, слична на онаа која ја имаме денес. Љубчо Георгиевски тогаш не го прифати тој предлог, па пристигна и насилството.

Со цел насилно да се сместат на власт без избори, во Македонија беше исцениран воен конфликт во кој животите за жал ги загубија многу млади Македонци, а една година подоцна СДСМ седна во министерските фотељи, како и денес така и тогаш, со интервенција на странските сили, и беше формирана широка влада која го потпиша срамниот рамковен договор во Охрид, со кој дефакто започна и поделбата на Р.Македонија.

Врз база на тој договор, подоцна беше спроведена и територијалната поделба предводена токму од СДСМ, на чело со Бранко Црвенковски и Радмила Шеќеринска со што и де јуре беше поделена Макеонија и беа создадени вештачки општини со цел зголемување на процентот на не-македонско население во одделни делови од Македонија, каде беше спроведена двојазичноста.

Значи, Жарко е во право. Истите структури кои тогаш ја делеа Македонија, денес повторно имаат обиди. Истите луѓе (Верушевски, Шеќеринска, Геровски, Милчин), со еден исклучок, Бранко кој од позадина ги следи работите.