дома Спорт МЕКГРЕГОР СЕ ПИШМАНИ: По само десет дена од пензионирање најави враќање во...

МЕКГРЕГОР СЕ ПИШМАНИ: По само десет дена од пензионирање најави враќање во октагонот

Пооранешниот УФЦ шампион Конор Мекгрегор, го најави своето враќање во спортот, само десет дена откако го објави своето пензионирање.

– Сакам да продолжам понатаму, заедно со љубителите на различни религии и националности. Сите религии не учат да сме посветени. Имаме еден свет и тој е за сите.

– Се гледаме во октагонот, напиша Мекгрегор на Твитер.

Ирскиот професионален УФЦ борец има 25 борби во ММА на кои забележал 21 победа. Неговата последна борба беше на 6 октомври 2018 година против рускиот борец Хабиб Нурмагомедов.

Мекгрегор го изгуби тој дуел и остана без титулата во „UFC” лесна категорија.