дома Свет „Мекдоналдс“ го преврте „М“ во „W“

„Мекдоналдс“ го преврте „М“ во „W“

Ланецот ресторани за брза храна „Мегдоналдс“, по повод Меѓународниот ден на жената, вчера привремено го променил неговиот симбол – буквата „М“.


Со оваа промена, неговото „М“ превртено наопаку изгледа како „W“, првата буква од „woman“ или „жена“.

Новото лого се појави и на веб-страницата на Мекдоналдс и неговите објави на социјалните мрежи.

Логото е превртено и пред влезот на еден од рестораните на Мегодоналдс во американскиот град Линвуд, Калифорнија.
Мекдоналдс објави дека во 100 од 14.000 ресторани на униформите на вработените и амбалажата за храната логото е превртено.

https://www.youtube.com/watch?v=3p8NU3PfByU

Исто така од компанијата нагласија дека 6 од 10 од нивните менаџери се жени и дека со овој чин сакаат да им покажат почит за нивните достигнувања.