дома Свет Мексико му нуди азил на Асанж

Мексико му нуди азил на Асанж

Мексико е подготвено да му понуди политички азил на Џулијан Асанж и со тоа да ја поддржи одлуката на британскиот судија да одбие екстрадиција на основачот на Викиликс во САД, изјави претседателот на Мексико, Мануел Лопез Обрадор.

„Асанж е новинар и заслужува шанса. Јас сум за неговото помилување “, рече Обрадор.

Тој додаде дека Мексико ќе му обезбеди заштита, пренесува Ројтерс.

Британски суд денес го одби барањето на САД за екстрадиција на Асанж, со образложение дека тоа би било репресивна мерка со оглед на неговата ментална состојба.

Владата на САД најави дека ќе се жали на пресудата.