дома Uncategorized Меланија, како Снежна кралица, ги опи новинарите, додека Трамп зборуваше за укинувањето...

Меланија, како Снежна кралица, ги опи новинарите, додека Трамп зборуваше за укинувањето на проектот на Обама

Меланија Трамп (48) блесна синоќа на Конгресниот бал, кој таа и американскиот претседател Доналд Трамп го организираа во Белата куќа. Иако на подиумот им се придружија, Иванка Трамп и Карен Пенс,со сопрузите, Меланија ги засени двете дами, во долг бел фустан со шљокици.

Нејзината пуштена коса, и високата ролка на фустанот на модната куќа „Celine” и дадоа лежерен, а сепак софистициран изглед. Првата дама на Нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, во таа прилика ја нарече Белата куќа „среќно место”.


– Тоа беа неверојатни и многу, многу посебни две години. Ниту една администрација не направила повеќе во првите две години, како оваа нашата. Има уште многу да направиме и ова ќе биде многу возбудлива недела, како што верувам дека следните две години ќе бидат многу возбудливи. Интересни работи се случија во изминатите 24 часа – рече тој.Америка делуваше весело и расположено, додека заедно со Трамп, ги поздравуваа гостите.

Пораката на Трмап се однесуваше за прогласувањето за неуставен на Законот за пристапна грижа во петокот, што е чекор напред кон укинување на Обамакер.

– Ако републиканците и демократите се обединат, можеме да излеземе со одлична програма за здравствена заштита, како што требаше да биде од првиот ден. И тоа ќе се случи – убеден е Трамп.