дома Uncategorized Меланија Трамп во спортско издание со патики, а Барон драстично пораснат

Меланија Трамп во спортско издание со патики, а Барон драстично пораснат

По релаксирачките денови семејството се враќа во Белата Куќа. Меланија уште еднаш го потврди статусот на модна икона.

Меланија Трамп се врати во Белата Куќа со сопругот Доналд Трамп и синот Барон. Семејството мина неколку дена во Њу Џерси во голф клубот на Доналд.

За оваа пригода Меланија беше во спортско издание со патики и авијатичарски очила за сонце и повторно изгледаше неверојатно. Но, вниманието на медиумите го привлече Барон.

Синот на претседателот на САД три месеци се нема појавено во медиумите и сега изгледа драстично пораснат. И тој беше во спортско издание со косата залижана наназад.