дома КОВИД-19 (Коронавирус) Мелбурн пoстави рeкорд – 245 во кaрaнтин

Мелбурн пoстави рeкорд – 245 во кaрaнтин

Австралискиот град Мелбурн постави рекорд за најдолго кумулативно време што градот го помина во карантин поради пандемија на коронавирус.

Мелбурн, главниот град на федералната австралиска држава Викторија, на источниот брег, во неделата акумулираше вкупно 245 дена, што ги помина со наредба да остане дома, објави каналот АБЦ.

Мелбурн со тоа го надмина претходниот рекорд што го држеше Буенос Аирес. Аргентинската престолнина издржа 234 дена карантин, од 20 март до 11 ноември 2020 година, и кратко десетдневно заклучување од 21 мај до 31 мај оваа година, објави АБЦ.