Меркел бара да се продолжи дијалогот со Талибанците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија ќе се обиде да помогне да ги евакуира Авганистанците кои соработувале со нејзините војници и хуманитарни организации и по 31 август, кажа денес канцеларката Ангела Меркел и повика на дијалог со талибанците за зачувување на придобивките во последните години од западното присуство во таа земја.

„Прекинот на воздушниот мост за неколку дена не смее да значи прекин на напорите за да се заштитат авганистанските помагачи и да им се помогне на оние Авганистанци кои останаа во голема опасност откако талибанците ја преземаа власта“, кажа Меркел во германскиот парламент.

„Поради тоа интензивно работиме на сите нивоа за да најдеме начини на кои можеме да ги заштитиме оние кои ни помогнаа, вклучувајќи и цивилна операција на аеродромот во Кабул“, додаде таа, а пренесува Ројтерс.

Германските оружени сили досега евакуирале 4.500 луѓе, од кои 3.700 државјани на Авганистан, од кои половина се жени и девојчиња, според германското министерство за надворешни работи.

Меркел денес истакна дека меѓународната заедница мора да „разговара со талибанците“, кои се вратија на власт, и така да се обиде да зачува придобивките кои Западот ги воспостави во Авганистан од интервенцијата до сега.

„Нашата цел мора да биде да се зачуваат, колку што е можно, промените кои ги спроведовме во изминатите 20 години во Авганистан“, кажа Меркел.

„Меѓународната заедница мора за тоа да разговара со талибанците, бидејќи тие се реалноста во Авганистан. Таа нова реалност е горчлива, но со тоа мораме да се соочиме“, истакна.

Напредокот остварен од 2001, кога со американската интервенција беше урнат првиот талибански режим, го илустрираше со пристапот до вода за пиење.

„Денес речиси 70 отсто од Авганистанците имаат пристап до вода за пиење, а пред дваесет години само околу 20 отсто“, кажа Меркел.

Смртноста на децата се преполови за помалку од дваесет години, кажа германската канцеларка.

„Историјата покажува дека за многу работи е потребно многу време“, кажа канцеларката, која годинава се повлекува од политиката.

„Токму затоа не смееме да го заборавиме Авганистан, и нема да го заборавиме“, порача таа.

„Цврсто верувам дека никакво насилство, никаква идеологија не можат да го сопрат тежнеењето за правда и мир“, кажа Меркел, која пораснала во поранешна социјалистичка Источна Германија, пред да го почне политичкиот подем по падот на Берлинскиот ѕид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This