дома Европа Меркел е негативна на коронавирусот

Меркел е негативна на коронавирусот

Германската канцеларка Ангела Меркел е негативна на тестот за ковид-19 по самитот на ЕУ минатата недела, на кој се состана со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти денеска Владата во Берлин.

Германската Влада ова го соопшти откако беше објавено дека Макрон е позитивен на коронавирусот.

– Канцеларката беше тестирана неколку дена по самитот на ЕУ, како што е вообичаено – изјави претставник ан Владата.

Меркел му посака брзо закрепнување на Макрон.