дома Свет МЕРКЕЛ НЕ ЈА САКА РУСИЈА НА Г8: Меркел се противи на враќањето...

МЕРКЕЛ НЕ ЈА САКА РУСИЈА НА Г8: Меркел се противи на враќањето на Русија во групата осум најмоќни економии во светот

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е против тоа Русија да се приклучи во формат Г-8, јавува германската телевизија ЗДФ.

Меркел рече дека враќањето на Москва во “Големата Осумка” не ќе има смисла се додека не се реши кризата во Украина. Нејзината изјава беше поддржана од Франција, Канада и претставници на Европската унија.

Минатата недела Меркел, исто така, одби да размисли за враќање на членството на Русија во Г8 формат. Според неа, таквиот маневар е невозможен бидејќи Москва го крши меѓународното право.

Враќањето на Русија во Г8 беше тема на билатералните состаноци на лидерите на “седумката”

Претходно шефот на канадската дипломатија Христја Фриланд рече дека идејата на американскиот претседател Доналд Трамп Русија да се приклучи на самитот на Г-7 не била тема на дискусија на работниот состанок на “Седумторката”, но дека лидерите разговарале за ова прашање во билатералните разговори.

“Прашањето не беше поставено на масата на Г-7. Меѓутоа, Канада ја разгледуваше оваа тема со сојузниците за време на одделните состаноци “, објасни таа.

Фриланд истакна дека Канада е против враќањето на Русија во мултилатералниот формат, додавајќи дека се работати на крајното соопштение од самитот.