April 25, 2024, 10:33 am

Меркел се правда: Не можeвме да ја предвидиме блokaдaтa на Бугарија за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прес-конференцијата по виртуелниот состанок со лидерите на шесте западнобалкански држави, германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави напредокот во регионот, но оцени дека треба уште многу да се сработи.

Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ – изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со шефовите на држави и влади од шесте земји од Западниот Балкан.

Запрашана за оценка на напредокот на регионот во последните 16 години откако таа е германски канцелар, Меркел рече дека имало и добри и лоши моменти. Генералната оценка на Меркел е дека во последните 7 години, од почетокот на ткн. Берлински процес, имало успеси, но и дека останува доста да се сработи во делот на борбата против корупцијата. Како позитивен пример од регионот таа го наведе ткн. „ветинг“ процес во Албанија и оцени дека Берлинскиот процес отворил нов квалитет во соработката во регионот.

Во делот на изненадувачкиот развој на настаните, Меркел ја наведе бугарската блокада на Македонија.

Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Македонија и Грција преговараа за името. (…) (Откако се реши спорот) Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ – рече Меркел.

Германската канцеларка уште еднаш повтори дека иднината на регионот е во ЕУ и тоа, според неа, не е интерес само на земјите од Западниот Балкан туку и на самата ЕУ. Наведувајќи ги тешкотиите со кои се соочува регионот, Меркел наведе три: спорот меѓу Србија и Косово, состојбата во БиХ, како и спорот меѓу Бугарија и Македонија.

Потребно ни е многу трпение, но и голем ангажман за да се надминат овие спорови – рече Меркел.

Одговарајќи на новинарско прашање околу позицијата на Франција за проширувањето на ЕУ, Меркел рече дека претседателот Емануел Макрон исто така бил на виртуелниот состанок и „јасно се изјаснил за перспективата на членство во ЕУ на земјите од регионот“. Таа сепак објасни дека освен во Франција и Холандија, дискусии за проширувањето на ЕУ се водат и во Германија и повика Конференцијата за иднината на Европа да го даде одговорот на прашањето: Кога ЕУ повторно ќе биде подготвена за проширување.

Меркел на состанокот ветила и три милиони дози вакцини за земјите од Западниот Балкан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This