дома Свет Меркел: Со Бајден отвараме ново поглавје на НАТО

Меркел: Со Бајден отвараме ново поглавје на НАТО

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави на самитот на НАТО дека со новиот американски претседател Џо Бајден е отворено ново поглавје на западниот воен сојуз.

Во однос на прашањето со Русија, Меркел посочи дека Русија не го гледа НАТО како партнер, но за жал како противник. Според нејзиното мислење, во денешната дискусија беше јасно дека Русија претставува голем предизвик.

Германската канцеларка изјави дека НАТО треба да се придржува кон пристапот на одвраќање и дијалог. Таа заклучи дека НАТО секогаш треба да нуди дијалог – каде што е можно, но и да биде подготвена таму каде што има сајбер закани. Меркел додаде дека НАТО гледа нови предизвици во сајбер тактиката, кои ги применуваат Кина и Русија. Германската канцеларка посочи дека Кина е ривал во многу прашања и партнер во многу други.

Меркел ја коментираше и состојбата во Авганистан, истакнувајќи дека треба да се направи сеопфатна анализа на мисијата во таа земја.

Таа рече дека Германија е посветена на постигнување на целта на НАТО, алокација на два проценти од својот бруто домашен производ на армијата, објави Ројтерс.