дома Македонија МЕРКИТЕ СЕ ЗAOCTPУВААТ: Се менуваат термините на полициckиот час

МЕРКИТЕ СЕ ЗAOCTPУВААТ: Се менуваат термините на полициckиот час

Со мерките за заострување на полицискиот час на територијата на Македонија, се прави промена и на специфичните периоди што за излегување може да ги користат граѓаните на возраст над 67 години и младите до 18 години.

Кај повозрасните од 67 години, на коишто досега им беше дозволено да излегуваат само во периодот од пет до 11 часот, со новите мерки, од среда ќе може тоа да го прават од 10 до 12, во деновите од победелник до петок.

Што се однесува, пак, до лицата помлади од 18 години, тие наместо од 11 до 21 часот, од среда ќе можат да излегуваат само од 13 до 15 часот.

Овие промени стапуваат на сила од среда во 16 часот.