дома Македонија Месец ипол по кафеаните: Од денеска се отвораат библиотеките

Месец ипол по кафеаните: Од денеска се отвораат библиотеките

Mесец и половина откако се отворија кафеаните и кафулињата, денеска се отвораат и библиотеките, кои беа под клуч речиси четири месеци.

Рестартирањето на библиотеките предвидува дека корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови. Вратените книги посебно ќе се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за позајмување.

Задолжително ќе биде носење лична заштитна опрема на лицето, дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека, како и одржување физичко растојание од два метра.

Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел. Библиотеките нема да го евидентираат пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеа со корисници.