дома Локално Место покојници во тетовска kaпела се чуваат батаци и сувомеснати производи

Место покојници во тетовска kaпела се чуваат батаци и сувомеснати производи

Градската капела во Тетово, која беше изградена пред две години, се уште не е пуштена во функција. Се работи на остранување на техничките пропусти направени при изградбата на капелата и поставувањето на комората, пишува ммс.мк

Градската капела која општинските власти ја ветуваа повеќе од една деценија конечно се изгради пред две години, но таа се уште не е во функција. Причина за тоа е што наместо соодветна комора, изведувачот на работите поставил комора каде, како што велат вработените од православните гробишта, е наменета за чување на батаци и сувомеснати производи,  односно комора со многу мала димензија. Поради ваквиот пропуст капелата не беше пуштена во употреба, а сега како што најавија од ЈКП Тетоово веќе се работи на остранување на пропуститие

Капелата е лоцирана веднаш до влезот на старите градски гробишта во Тетово. Освен комора има и неколку простории, канцеларии и една голема просторија за пречек на поширокото семејство на покојникот и давање сочуство