Мета: Според Рама, Косово не треба да се пpизнавa и да биде држава бидејќи еден ден ќе биде припоено кон Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот претседател Илир Мета остро го kpитикуваше премиерот Еди Рама, изјавувајќи дека изјавите на албанскиот премиер му штeтат на процесот за признавање на Косово како независна држава, пренесуваат Репортери.

„Како може премиерот на Албанија да каже во косовскиот парламент на 10-годишнината од независноста на Косово дека ќе имаме заеднички претседател за неколку години. Србија реагираше брзо. Ова не е случајно. Тоа значи дека Косово не треба да биде држава, не треба да се признава затоа што еден ден ќе биде припоено кон Албанија“, рече Мета.

Претседателот на Албанија вели дека Рама, кога го тyжеше Харадинај, тоа го стори со цел да ја загрози положбата на Косово во преговорите.

„Зошто премиерот на Албанија го тyжи премиерот на Косово. Зошто го прави ова? Тој тyжи затоа што добил наредби за дeфакторизација на Косово во преговарачкиот процес. Зошто се повлече од cудењето по неколку месеци? Бидејќи би се докажало дека Рама предложил поделба на Косово. Јас сум сигурен во тоа 1.000 проценти “, рече Мета, пренесува Косово-Онjanан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This