дома Локално МЕЧКИТЕ СЕ СИМНАА ОД ПЛАНИНИТЕ:Во битолско мечки се шетаат и рикаат ...

МЕЧКИТЕ СЕ СИМНАА ОД ПЛАНИНИТЕ:Во битолско мечки се шетаат и рикаат низ селата

Жителите од селата Канино и Олевенио, битолско мака мачат со мечките кои ги вознемируваат и претставуваат опасност за стоката. Последните денови во Олевенио мечки се шетале низ селото, додека во соседното село Канино со денови (и дење и ноќе) рикале крај куќите, јавува Нова Македонија.

Според тоа што јавиле читатели, мечките, се намножиле бидејќи не им стигало храна од шумата, па барале храна во околните села.

Мечките се причината што краварството последно време од десетина одгледувачи на крави таму спаднало на двајца, бидејќи тие не можат кравите да ги пуштат на пасење.