Меџити: Груби и Османи не можат да го застапат електоратот на ДУИ во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изет Меџити вечерва во емисијата „10 минути“ на ТВ21 со име и презиме ги наведе лицата за кои како што вели тој местото не им е во актуелната Влада.

„ДУИ е составена од многу фактори од повеќе населени места. Со поголема надлежност можам да зборувам околу Скопје, околу Чаир, важен огранок кој придонесе во ова победа со 1/3 на гласови. Сметам дека Груби и Османи не се тие кои можат да го застапат електоратот на ДУИ во Скопје. За другите ограноци, им оставам на нив простор, но на почеток имаше дилеми, сега гледам незадоволство во мнозинството на структурите на поголемиот дел на ограноци. Забелешките се во врска со нивното не-комуницирање, недостигот на дебата, немањето пристап во управувањето на која припаѓаат“, изјави Меџити во интервју за ТВ21.

Раздорот во ДУИ трае веќе неколку месеци, а ескалираше со повлекување на Меџити од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ. Меџити тогаш изјави дека се развиваат случувања што на никаков начин не можат да одат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ и што е уште поважно, ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседавачот г. Али Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This