Меџити откри: Cyдиpите во ДУИ се поради kpшење на мeритократија, cо едни луѓе собираа гласови, со други направија влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик-претседателот на ДУИ, Изет Меџити во „Емисија 200“ на Алсат, рече дека судирите во ДУИ се резултат на кршење на принципот на меритократија, затоа што според него, луѓето што собрале гласови на последните избори, биле изоставени од извршната власт.

„Тоа е критички глас што доаѓа од структурата на ДУИ. За извршните избори, тоа е глас за враќање на дебатата во партиските тела. Бидејќи минатата година се одржа конгресот на ДУИ, а самиот Конгрес значи дека треба да произведеме нова визија, нова програма, нов претседател, нови тела. Можеби ова беше попречено од короната, но не можеме да се држиме до ова размислување и да немаме нови органи. Значи, да ја вратиме дебатата до телата и таму да дадеме свои проценки, без оглед дали се работи за извршната власт, или за политиките и другите. Ова е прашање на организациски аспект, втор принцип на меритократија, во политиката вреди колку што имате гласови. На овие избори излеговме на начин што не го испорачавме она што го ветивме пред гласачкото тело. Со едни луѓе се собраа гласовите, со други луѓе се направи влада. Јас не го велам тоа, има случаи кога треба да се избалансира, но мора да има легитимитет во овој поглед“, рече Меџти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This