Спортскиот бренд од Аеродром продолжува да пропаѓа, додека раководството на клубот и општина Аеродром напразно ги трошат средствата наменети за финансирање на еден од најстарите и најпознати спортски брендови од Скопје
Реагираат и аеродромци, кои се разочарани што нивниот клуб по серија на успеси оваа сезона забрзано пропаѓа кон спортското дно.
„Додека #МЗТ Скопје ги доживува своите најтешки денови во последните 7 години, новото раководство на чело со Тони Грнчаров, а под директна команда на Златко Марин е на зимски распуст.
На последниот натпревар на МЗТ со Игокеа, Грне наместо да е на клупата со кошаркарите, беше на скијање.
Дојде #живот за Грне, а за жал за сите аеродромци се поизвесно е смртта на #МЗТ Скопје!“ – пишуваат жителите на општина Аеродром на ФБ групата „Аеродром во моето Срце!“.
Во следната објава во истата група, жителите на општината го повикаа градоначалникот и новото раководство на клубот да престанат со сликање и да почнат со работа со цел да го извадат МЗТ од калта во која пропадна.