дома Македонија МЗ демaнтиpa: Нема пpekин во изградбата на трите модуларни болници во Скопје

МЗ демaнтиpa: Нема пpekин во изградбата на трите модуларни болници во Скопје

Министерството за здравство соопшти дека замената на времените објекти од амбулантно-поликлиничка дејност, се одвива согласно планираните активности и дека на терен се одвиваат активности поврзани со инфраструктурни приклучоци.

Министерството за здравство до овој момент не добило никакво известување од надзорот на објектите, ниту од изведувачот, дека се прекинати какви било активности, туку дека активностите се одвиваат според планираната динамика, велат од МЗ.

Претходно, извори од здравствениот сектор за „Фактор“ споделија дека од неделата запрени се сите градежни активности на три модуларни амбуланти во Скопје и дека на местото на старите амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и во Ново Лисиче овие неколку дена има само лица кои ги обезбедуваат објектите, но не и работници.