дома Македонија МЗ: Матичните лекapи ги добиваат резултатите од тестирањето на своите пaциeнти

МЗ: Матичните лекapи ги добиваат резултатите од тестирањето на своите пaциeнти

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на вирусот Ковид-19 ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење.


За пациент на домашно лекување, матичниот лекар постапува по претходно утврден и усвоен протокол на стручниот колегиум на Инфективната клиника.

Матичниот лекар има обврска да го контактира пациентот два пати во текот на денот, да го известува системот „Мој Термин“, кој потоа во форма на електронскиот извештај го испраќа во Министерството за здравство и до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Министерството за здравство вклучи близу 1.200 матични лекари во системот на детекција и следење на пациентите со корона вирус.

Граѓаните кои имаат симптоми типични за корона вирусот, како температура, треска, кашлица и отежнато дишење, треба да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар, а не да одат во ординација. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да бидат тестирани. Тестирањето го закажува матичниот лекар, преку системот „Мој термин“ со точно време и место за тестирањето.