дома Хроника МИГРАНТИ ФАТЕНИ КАЈ УДОВО: 14 мигранти од Пакистан откриени во возило кај...

МИГРАНТИ ФАТЕНИ КАЈ УДОВО: 14 мигранти од Пакистан откриени во возило кај Удово

Патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки со 14 лица мигранти од Пакистан, без возач е откриено вчера изутрина на бензинска пумпа кај селото Удово.

Како што информира денеска МВР, по извршениот увид на местото во 06.00 часот од полициски службеници од Полициска станица Валандово, возилото и мигрантите биле превземени од полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин „Богородица“.

За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки возилото е задржано, а лицата предадени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Возилото имало регистарски таблици од товарно возило „Застава“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.