дома Политика Мизрахи: Иницијативата за Вонреден конгрес е рамна на тоа јас да свикам...

Мизрахи: Иницијативата за Вонреден конгрес е рамна на тоа јас да свикам конгрес во Канал 5 и да го заменам директорот, смешна е

Рашела Мизрахи, пратеничка и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Иницијативата за вонреден конгрес надвор од партијата, вечерва во Канал 5 телевизија, истакна дека истата е смешна и е рамна на тоа таа да би побарала конгрес во Канал 5 телевизија за да го смени директорот.

-И да има судски процес за ова е повеќе од смешно затоа што согласно статутот на партијата и законот нема можности за тоа, тоа е исто како јас да ви кажам дека ќе свикам Вонреден конгрес во Канал 5 телевизија и ќе го заменам директорот, вели Мизрахи.

Таа појасни дека според статутот на ВМРО-ДПМНЕ точно се знае кои се точно делегатите кои учествуваат на Конгрес на партијата, делегатите кои се произнесуваат за иницијативата за Вонреден конгрес во минатото можеби биле делегати, но тие не се повеќе делегати на партијата.

-Овој статут на партијата нема драстични разлики во овие прашања со претходни статути на партијата, така да тука нема простор да се зборува за Вонреден конгрес – објасни Мизрахи.

Таа појасни исто така дека партијата ќе има редовен конгрес кој е закажан во ноември месец, а која друга организација би сакала да организира свој конгрес тоа е друго прашање надвор од партијата.