Мизрахи: Пpeдлoг зaкoнoт зa измeнyвaњe нa зaкoн зa coциjaлнa зaштитa e кpyт и oвoзмoжyвa caмo 200 acиcтeнти зa личнa acиcтeнциja и иззeмeни ce децата co ayтизaм, бapaмe jaвнa pacпpaвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во утринско гостување кажа дека ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа по предлог законот за изменување на законот за социјална заштита. Таа истакна дека потребата за јавна расправа е поради тоа што моменталното круто решение овозможува само 200 асистенти додека според статистичките информации со кои тие располагаат се работи за драстично поголем број на деца на кои што ќе им биде потребна помош односно лична асистенција.

ВМРО-ДПМНЕ по истото прашање би сакало да има и јавна расправа. Зошто? Заради тоа што сметаме дека крутото решение ќе овозможи само 200 асистенти а статистичките информации со кои што ние располагаме се дека се работи за драстично поголем број на лица односно дека кои што ќе им биде потребна таква помош односно лична асистенција појасни Мизрахи.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Мизрахи потенцираше дека пред се јавната  расправа би била во поглед да се чуе мислењето од родителите и старателите на децата за колкава количина на лична асистенција е потребно, дали има дистинкција помеѓу личната и образовната асистенција и дали 80 часа месечно односно 4 часа дневно лична асистенција  е доволно за децата се со цел да се изготви едно подобро и поквалитетно законско решение и да им се излезе во пресрет на оваа категорија на лица. Пред се и поради тоа што сакаме да чуеме од јавноста односно од родителите или старателите на ваквите деца во колкав број, колкава количина на лична асистенција и дали има дистинкција помеѓу личната и образовна асистенција. Земете во предвид дека статистиката покажува дека 26% од лицата на кои што им е потребна лична асистенција се деца од 6 годишна старост па нагоре. Значи ќе сакаме да ги видиме броевите сакаме да видиме целосна анализа и сакаме да видиме како е направено ова буџетирање бидејќи 200 асистенти се на договор. Според податоците состојбата која што била евидентирана во 2018 малолетни лица со оштетен слух имало 271, пречки во вербална комуникација 89, лица со телесен инвалидитет 904 и т.н. што значи дека бројот е драстично поголем.

Дополнително се работи во законското решение за лична асистенција од 80 часа месечно што значи дека се 4 часа дневно и ние сметаме дека можеби родителите ќе се изјаснат дека истото е недоволно и не ги опфаќа сите категории и сите потреби на овие деца. Во ова законско решение на еден начин се изземени децата со аутизам и затоа би сакале на таа јавна расправа би сакале да се направи подобро поквалитетно законско решение кое што навистина ќе излезе во пресрет на родителите, старателите и овие дечиња заврши Мизрахи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This