Микрософт не сака да го користите Chrome: Нова тактитка за демотивирање на корисниците да го симнат пребарувачот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Microsoft доста се потруди за на пазарот има сериозен интернет прелистувач, по отстранувањето на Internet Explorer. Уште и е тешко на компанијата да ја тргне сопствената поврзаност со овој стар прелистувач, но сепак мора да се признае дека Microsoft Edge направен на основа на Chromium кодот е еден од најдобрите прелистувачи на пазарот.

Покрај тоа што сега Edge конечно е компатибилен со сите веб страни, за разлика од тоа кога работеше на сопствена технологија, Microsoft има додадено доволно сопствени функции кои го прават прелистувачот вреден и привлечен за користење.

Сепак, овој став не го делат повеќето корисници кои продолжуваат да го користат прелистувачот број 1 на пазарот, Chrome од компанијата Google. Овој прелистувач се’ уште држи преку 70-80% од пазарот, па очекувано е дека конкурентите ќе се обидат некако да го привлечат вниманието.

За разлика од останатите, Microsoft има прилично уникатен начин да се обиде да влијае на корисниците, поради масовното користење на нивната платформа, Windows. Тоа значи дека повеќето корисници кои го користат Chrome, тоа го прават преку компјутер кој работи на софтвер од Microsoft, кој доаѓа со пред-инсталиран Edge.

За да го симнат Chrome, корисниците мораат да го вклучат Microsoft Edge, а ова многу често е и предмет на шеги во стилот дека Edge е најдобриот прелистувач преку кој може да се симне Chrome.

Microsoft сега започна со прикажување на лента со информации, односно „попап“, кога корисниците ќе ја отворат страната за симнување на Chrome преку Edge. Информациите се во правец на демотивирање на корисниците да го симнат Chrome и да му дадат шанса на Edge.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This